|

Локализирани пожарите во Кондово и Велешко: хеликоптерот на МВР исфрли над 62 тони вода

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп, информираа од Центарот за управување со кризи.

„Во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани“, соопштија од ЦУК.

Појаснуваат дека хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрлил над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.



Слични Објави