ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО КУМАНОВО БАРА ОД ВЛАДАТА ДА ВОВЕДЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ГРАДОТ
Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот.
„Бараме од Влада на Република Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот- се вели во соопштението на штабот.
Од општинскиот кризен штаб ги повикаа станбените домари да извршат дезинфекција на заедничките простории на зградите.