Магла и загаден воздух обвија делови од Скопје
Дел од Скопје утрово осамна во густа магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром и Ново Лисиче видливоста беше значително намалена, додека концентрациите на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се искачија во црвената зона. Жителите и натаму чувствуваат силен мирис на изгорено во воздухот.
Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи вчера информираа дека пожарот во депонијата Вардариште е изгаснат и дека нема чадење од заостанати жаришта. Владата и Министерството за животна средина воведоа забрана за движење на оваа локација, но состојбата со загадувањето останува критична.
Според податоците од мерните станици на мрежата Air Care, највисока концентрација е регистрирана во Лисиче – 90 микрограми ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5 на кубен метар. Високи вредности се забележани и во Гази Баба – 77 ПМ 10 и 32 ПМ 2,5, како и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар.
