| |

МАЈК ПОМПЕО ДОАЃА ВО ОХРИД ЗА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПЕНДАРОВСКИ И ЗАЕВ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигнува во Охрид каде што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

На средбите во Охрид, како што информираа за МИА од Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ.

Од Стејт департментот додаваат уште дека САД се фокусирани на Западен Балкан како стратегиски важен дел од идејата за обединета Европа и затоа државниот секретар Помпео ја комбинира повеќедневната официјална посета на регионот „за реафирмација на сојузништвото со 29-та (Црна Гора) и 30-та (Македонија) членка на НАТО“.

Од Стејт департментот за МИА изјавија дека разговорите ќе се фокусираат и на безбедноста и можностите за економски развој на земјата. Една од темите ќе биде и дестабилизирачката улога на Русија во регионот.



Слични Објави