МАЈКАТА НА НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ФРАНЦИЈА РАСКАЖУВА
Трагичната сторија на 16- годишното девојче Жули од Франција, потсетува дека никој не е заштитен од подмолниот Корона вирус. Жули- полна со енергија, ученичка од гимназијата во Есон, почина во вторникот (24-ти март), од белодробна инфекција во болница во Париз.
Нејзините блиски велат дека таа немала хронични заболувања и растела како здраво дете. Жули стана најмладата жртва од Корона вирусот во Франција а според некои и во Европа. Нејзините блиски ја опшишуваат како дете што сакало да танцува, да пее и да ги развеселува луѓето.
„Тоа не може да се преживее“, вели мајката на Жули, Сабин пред АФП. Пред медиумот таа разоткрива дека девојчето имало слаба кашлица, која ја лекувале со сируп, билки и инхалации. Во саботата, Жули започнува да се гуши.
„И беше тешко да земе воздух, потоа почнаа нападите на кашлица“, раскажува мајката. Во понеделник отишле на доктор, тој викнал Брза помош и во домот на девојчето дошла екипа со заштитни костими, за да го однесат во најблиската болница во Есон. Сабин се вратила дома а подоцна и се јавиле од болницата за да ја информираат дека нејзината ќерка е прегледана и скенерот не покажал ништо сериозно.
Во болницата е направен тест за корона вирус и докторите ги чекале резултатите. Ноќта состојбата на Жули се влошува и ја преместуваат како итен случај во детското одделение на париската болница „Некер“. И прават уште два теста за корона вирус.
Во вторникот девојчето е веќе во реанимација, но сѐ уште во сознание и кога мајкаи доаѓа да ја види, Жули со последни сили и кажува „ ме боли срцето“. Двата теста за Корона вирус се негативни. Лекарот дури и направил знак со кренат палец за да покаже дека се е во ред. Било доцна и Сабин се заминала дома. Доцна вечерта и се јавиле од болницата и и кажале дека резултатот од првиот тест е позитивен. „Не можев да поверувам, мислев дека погрешиле. Зошто овој резултат дојде толку доцна“, плаче мајката пред новинарите.
„Од самиот почеток повторуваа дека младите ја поднесуваат лесно болеста. Ние поверувавме како и сите останати“, се вклучува во разговорот и постарата сестра на Жули.
Малку по полноќ следело ново јавување од болницата, „доаѓајте брзо“. Мајката се исплашила но веднаш разбрала дека се случило нешто многу лошо. Во еден часот по полноќ, Жули умира. Докторите и соопштуваат на мајката дека не може да земе ништо од нештата кои припаѓаат на Жули, бидејќи треба да бидат изгорени.
Сабин раскажува пред новинарите дека немале време да организираат погреб, ниту дури да ја облечат или нашминкаат бидејќи не било дозволено. Во четвртокот откако властите официјално соопштуваат за смртта на Жули, телевизиите почнуваат непрекинато да повторуваат дека е починато 16 годишно дете.
„Беше неподносливо да ги слушам вестите, затоа што тоа дете, беше моето дете“, вели ужалената мајка. „Никогаш нема да добиеме одговор зошто тоа се случи со неа“, завршува Сабин.

