МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ СЕЛЕКТОР НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ!

Влатко Андоновски ќе биде новиот селектор на женската фудбалска репрезентација на САД и ќе ја наследи Џил Елис, која ги освои последните две Светски првенства.

Македонецот веќе подолго време е споменуван како нов селектор на Американките, а официјално треба да биде назначен на стартот од идната недела, објавува „Њујорк Тајмс“, кој се повикува на два извори кои се инволвирани во процесот на избирање нов селектор.

Андоновски последниве две сезони го води тимот на Реин ФЦ и во неговиот тим игра најдобрата американска фудбалерка Меган Рапино, која пред извесно време ја понесе наградата на ФИФА за најдобра во светот.

43-годишниот тренер изминативе седум сезони работи во Женската фудбалска лига на САД и веќе во своето резиме има две шампионски титули си тимот на Канзас сити.



Андоновски се очекува своето деби на клупата на САД да го има во ноември кога оваа репрезентација ќе игра пријателски средби со Шведска и Коста Рика. Неговата примарна задача ќе биде да се квалификува на Олимписки игри во Токои 2020 година.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ЗА МАЛКУ БРОНЗА ОД СП: НЕДЕЛКОВСКИ ЗАВРШИ ПЕТТИ ВО КАТИ!

Следна статија

ОХРИЃАНЕЦОТ ОСМАН ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО КЛИВЛЕНД ЗА – 31 МИЛИОН ДОЛАРИ

Најново од Спорт