МАКЕДОНЕЦ СО ИЗМАМА ЈА ПРЕЗЕЛ ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА „ВЕТЕРАНИТЕ ЗА ТРАМП“ – БИЛЕ ПОТРЕБНИ МЕСЕЦИ ЗА СЛУЧАЈОТ ДА СЕ РЕШИ
Ветераните и активните војници од армијата редовно се на тапет на манипулации, бидејќи нивното влијание е големо и има многу луѓе кои им се восхитуваат на нивните достигнувања, пишува Вашингтон пост.
Таква измама преку воен ветеран на САД, направил Македонец, претставувајќи се како Андреј Спасовски, кој со ветување за приходи од по неколку десетици илјади долари месечно, успеал да го убеди главниот администратор на популарната Фејсбук-страница „Vets for Trump“ („Ветераните за Трамп“), која ја следеле околу 100.000 корисници, да му даде администраторски пристап, односно на неговата фејсбук-страница Ad Break, јавува Слободен печат.
Откако тоа го направил, Спасовски го тргнал дотогашниот главен администратор Џошуа Месиас и уште неколку администратори и фактички ја презел страницата, која почнал да ја полни со содржини што самиот ги избирал, пишува споменатиот американски весник.
Целиот напис прочитајте го овде.
