| |

„Моќник“- Милошоски и неговиот татко осомничени за распродажбата на општински имот во Македонски Брод

СЈО предмалку информираше дека отвора истрага под кодно име „Моќник“ против неколку лица, меѓу кои еден актуелен пратеник и поранешен градоначалник на Македонски Брод.

Истрагата во случајот Моќник се води против 13 лица, а сомнението е дека е нанесена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.

Како што појасни специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, станува збор за дом во селото Ижиште во Македонски брод, кој со одлука на општинскиот совет му била продадена на таткото на првоосомничениот пратеник.

Таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во с. Ижиште, во општина Македонски Брод, за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината предложил да му се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Иако Комисијата го задолжила градоначалникот на Македонски брод да поднесе тужба за продажбата, сепак, тој не го направил тоа.

Исто така, Фетаи истакна дека ваквото однесување на Јахоски предизвикало гнев кај првоосомничениот пратеник, кој ја злоупотребил позицијата како претседател на парламентарна комисија да нарача инспекциски контроли во компанијата на Јахоски –  Пуцко Петрол.

Слични Објави