МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА РАКОМЕТЕН МУНДИЈАЛ ЗА ЈУНИОРКИ

/

Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука за тоа кои земји ќе организираат дел од мундијалите во следните неколку години, а Македонија доби доверба за еден, иако понуди кандидатура за уште три.

Ракометната федерација на Македонија ќе биде организатор на Светското првенство за ракометарки до 20 години, во 2024 година. Се кандидираше за организација на вкупно четири првенства во машка и во женска конкуренција, во младинските категории, за СП 2024 за младинки (У18) и за СП за јуниори (У20) и младинци (У18) во 2025 година.

Тоа значи дека ракометарките родени во 2004 година и помлади ќе имаат шанса на свој терен да остварат забележлив успех и тоа само две години откако Македонија ќе биде кодомаќин на сениорско Еврпско првенство, заедно со Словенија и со Црна Гора. Со ова продолжува традицијата РФМ да ја добива довербата, речиси, секое лето да организира некаков голем собир, било на европско, било на светско ниво.



Што се однесува до одлуките донесени за сениорските Светски првенства, добра вест за македонската публика е тоа што во 2025 година коорганизатори на машки, сениорски Мундијал ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка, а во 2027 повторно Германија, која беше организатор и минатата 2019. Во женска конкуренција, пак, во 2025 година ќе организираат Германија и Холандија, а во 2027 Унгарија.

Извор: Спорт1

Претходна статија

СИЛНА БУЧАВА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЗАГРЕПЧАНИ, МЕТЕОР ГО ПРОБИ ЗВУЧНИОТ ЅИД

Следна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СООБРАЌАЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП

Најново од Вести