МАКЕДОНИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТАТА, АМА ИМА ИГРАЧ ВО ИДЕАЛНАТА ПЕТОРКА НА ЕП!
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во елитната конкуренција за кошаркари до 18 години, откако во „малото финале“ загубија од Чешка со 80-89, но и покрај тоа ние имаме играч во идеалната петорка на Европското првенство (ЕП).
Андреј Јакимовски, кој беше најдобар стрелец на првенството со просек од 18,4 поени по меч и трет најдобар скокач, го најде своето место во идеалната петорка на ЕП.
Најдобар кошаркар на ЕП беше Ноам Шимон Доврат од Израел, додека во идеалната петорка место на Јакимовски му прават уште Доврат, Матеус Казовски (Полска), Пеле Ларсон (Шведска) и Давид Бом (Чешка).
Извор: Спорт1