ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ЧУВААТ ВО ПРОСТОРИИ КОИ СЕ РАСПАЃААТ
Стари објекти, покриви што прокиснуваат, искршени прозорци и врати, ретко кој би помислил дека во такви простории се водат личните податоци на граѓаните на државата, јавува Независен.
А таква е сликата во голем број од вкупно 239-те месни канцеларии во кои се водат матичните книги на родени, венчани и починати.
Најкритична е состојбата во месните канцеларии кои се под подрачната единица во Гостивар.