|

МОРЕТО НА СИЦИЛИЈА ИСФРЛИ КИТ ПОЛН СО ПЛАСТИКА

Пцовисан кит со желудник полн со пластика е пронајден на плажа на италијанскиот остров Сицилија, објавија од „Гринпис“.

Седумгодишниот кит бил исфрлен од морето во петокот на плажата во близина на градот Чефалу на Сицилија. Ова е петти таков случај во Италија во последните пет месеци, изјави активистката на „Гринпис“, Џорџија Монти.

Последен пат морето го исфрли пцовисаното тело на женка кит со новороденче на италијанскиот остров Сардинија – во желудникот на китот беа пронајдени дури 22 килограма пластика.

„Морето ни испраќа повик за помош, очајнички СОС. Мораме веднаш нешто да преземеме и да ги спасиме тие прекрасни животни што живеат во морето“, изјави Монти за италијанските медиуми.

Најновата вест за пцовисаниот кит поради пластичниот отпад во океаните и морињата пристигнува само неколку дена во пресрет на едномесечната мисија во која активисти од проектот The Blue Dream ќе вршат надзор над загадувањето со пластика во централниот дел од Средоземното Море.

Извор: Макфакс

Слични Објави