МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО НОРВЕШКА И ВЕЛС ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРО 2022
Македонската футсал репрезентација ќе игра против Норвешка и Велс во новиот квалификациски циклус за пласман на Евро 2022 на турнир идната година во Скопје, откако денеска црвено-жолтите ги добија противниците за претквалификацискиот турнир на ждрепка во Нион.
Македонија беше одреден за носител и домаќин во претквалификациите, па за пласман во главната квалификациска рунда, која ќе се игра по нов систем ќе мора да заврши како првопласирана за директно да обезбеди пласман во квалификациите. Ако завршиме како второпласирани ќе играме бараж за пласман во тој главен квалификациски систем, а може да влеземе во бараж како најдобра трета селекција. Баражите се предвидени за април идната година.
Според распоредот, претквалификацискиот турнир ќе се одржи на 29 јануари и 1 февруари идната година, а за место на Евро 2022 се борат 16 селекции, откако УЕФА го прошири континенталниот собир на најдобри футсалци од досегашните 12 учесници. Ждрепката за главната фаза од квалификациите е на 14 мај идната година, а квалификациите ќе се играат во три термини во 2021 година (1 и 2 февруари, 3 и 4 април и 5 и 6 септември).
Евро 2022 година е закажано од 19 јануари до 6 февруари во Холандија.
Извор: Спорт1
