| |

(Видео) Перев: Кабинетот на Ковачевски беше подготвен за напад од страна на Бугарија и потпретседателката Јотова

„Кабинетот на премиерот Ковачевски очекуваше напад во Рејкавик од страна на Бугарија и на г-жа Јотова. Во однос на тоа беа подготвени неколку варијанти на одговор и премиерот Ковачевски ја одбра варијантата, преку која ја идентификува Македонија со Украина, а Бугарија со Русија“, изјави редовниот колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев во утринската програма на бугарската телевизија Bulgaria On Air.

Перев исто така додаде дека „Ковачевски заборава дека Бугарија во никаков момент не направила никаков напад, ниту воен, ниту провокативен, ниту безбедносен против Македонија “.

Тој е дециден дека во РС Македонија изјавата на Ковачевски предизвикала воодушевување од страна на луѓето со националистички, просрпски и пројугословенски позиции.

„Темата за Бугарија е единствената тема во РС Македонија во однос на која, власта и опозицијата имаат единстен став. Тоа значи дека борбата за следните избори е започната и тоа е предизборна пропаганда. Тоа значи дека премиерот Ковачевски се труди на секаков начин да преземе дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ во корист на својата партија СДСМ“, вели Перев.

„Немам спомен односите меѓу Македонија и Бугарија, кога Македонија била република или односите меѓу Југославија и Бугарија да биле добри. “, вели редовниот колумнист на порталот Трибуна.

Како потврда за своите зборови Перев го даде примерот со кратката посета на бугарскиот дипломат во Југославија Груди Атанасов, по земјотресот во Скопје и со дозвола на Александар Ранковиќ.

„Ниту еден дипломат што бил делегиран од бугарската држава во Белград, не ја посетил Македонија од 1918 до 1991 г. Единствен пат кога бугарски дипломат за 48 часа, дошол во Македонија, при тоа со дозвола на министерот за внатрешни работи Александар Ранковиќ, беше кога бугарскиот амбасадор во Белград, го посети Скопје после земјотресот. 48 часа и назад. Името на дипломатот е Груди Атанасов “, изјави Перев.

Што уште кажа соработникот на Трибуна во етерот на Bulgaria On Air погледнете во видеото што следи:



Слични Објави