МАКЕДОНИЈА ВО ПЕТ „ЖЕШКИ“ ДЕНА ВО ЈУНИ ЌЕ БРКА ПЛАСМАН НА ЕП 2020!

/

Историскиот меч на Македонија против Косово и официјално е презакажан за 4 јуни годинава, а евентуалното финале од плејофот во Лигата на нации за пласман на ЕП 2020 ќе се игра на 9 јуни, откако баражите кои требаше да се играат месецов беа одложени поради пандемијата со коронавирусот.

Македонската фудбалска репрезентација ќе го дочека Косово на почетокот на јуни, речиси сигурно пред полни трибини ако здравствената ситуација се подобри, по одлуката во вторникот на УЕФА по видео-конференцијата за откажување на Евро 2020 за идното лето, но овој меч останува неизвесен во делот дали ќе се игра со гледачи или не, зашто за тоа ќе зависи ситуацијата со Ковид-19 и севкупната здравствена состојба во земјата.

Црвено-жолтите историскиот меч веќе извесно е дека ќе го играат во вечерен термин како и првично предвиденото од 20.45 часот, посебно и од фактот дека јуни веќе е доста жежок. Победникот од овој меч во Скопје ќе гостува кај Грузија или Белорусија во второто полуфинале, на финалниот меч за визата за европскиот шампионат.

Евро 2020 е презакажано од 11 јуни до 11 јули идната година, а Македонија во зависност од тоа дали ќе се пласира Романија на европскиот шампионат, ако успее успешно да положи во јуни, ќе дознае во која група би дебитирала на Евро 2020, ако успее да го положи најважниот јунски испит.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ТВИТЕР ГО БЛОКИРА АКАУНТОТ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ОДГОВОРНА ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19

Следна статија

ДВАЕСЕТ И ПЕТ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ

Најново од Вести