| |

МАКЕДОНИЈА- ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА ДЕЛ ОД СРБОСЛАВИЈА И ПАРИЧЕ ЗА ПОТКУСУРУВАЊЕ

Дали Македонија сака да остане во прегратките на Југославија или има желба да биде дел од Србославија, и париче за поткусурување ?!?!

Денешната вест (градење и отварање на српски културен центар во Скопје – Центар) не погоди длабоко и изразуваме револт во врска со тоа.Тоа ќе биде досега најголем пораз за ВМРО и за Македонија, за борбата на ВМРО за Независна Македонија, далеку од канџите на џелатот Србија, која во минатото, под превезот Југославија, успешно се бореше против дејците на ВМРО и против нивната замисла, Независна Македонија !!

Ако претходната гарнитура која беше на власт, а се красеше со буквите ВМРО и се лигавеше на Кајмакчалан, рамо до рамо со четничките српски униформи, кои убиваа македонски патриоти на тоа место, кои гордо стоеја до српската тробојка, слушајќи го говорот од страна на србите, кои во даден момент ракоплескаа на зборовите “ослободување на Македонија од страна на српските четници“ и кога најгромогласно изјавија дека “Србија си дошла дома“, која е поентата на сегашната гарнитура на власт со срамното градење и отварање на српскиот културен центар во центарот на Скопје, ако се знае дека и ден денеска Српската православна црква не ја признава, и нема намера да ја признае МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ?!?!?!

Без признавање на МПЦ од страна на СПЦ, не треба ни да се помисли да се отвара некој таков сличен квази центар во Македонија.Тоа се само дувла на србоманството во Македонија, дувла на нови млади надежни србомански четничиња кои ќе работат за Косово поље и Србија, а не и за иднината и благосостојбата на Македонија !!Еден таков центар во Македонија веќе има, тоа е СПОНА, центар – мегафон за ширење лаги и небулози, како од историски карактер, како од духовен карактер, така и од општествен карактер.

Господине Заев, ако навистина сакате Македонија да биде дел од европското семејство, како што во многу наврати се лигавевте на телевизии, соберете или и решете ги недоразбирањата со Бугарија, излезете од комунистичката творба и дајте и шанса на нашата Македонија да биде дел од Европа.

Тоа го заслужуваат сите млади луѓе и идните наши генерации, а со отварање на српски центри и пропагандинистички центри и правење на уште поголем антагонизам кон Бугарија, само ја оддалечувате Македонија од сонот за Европа, како дел од најразвиените европски држави, како самостојна и независна држава, а не српски измеќар и париче за поткусурување !Македонија, дел од Европа, а не српски полтрон !Тоа беше сонот на нашите дедовци.

Автор: Црвено-црниот



Слични Објави