Македонистичкиот „јазичен империјализам“
Пишува: Христо Михајлов
Историска предигра!
Во контекстот на бугарската надворешна политика, не за прв пат актуелност доби и прашањето за таканаречениот јазиков спор меѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија. Горливото прашање не е само во еден, на прв поглед безмислен спор за јазикот, ами токму напротив, тоа е винстинската суштина на конфликтот која не е јазична, туку чисто политичка и се состои во правото на евентуално признавање на легитмност, и тоа не каква и да е , туку легитимност на мајката на животот наречена уште како и Историја. Јазичниот спор како таков, е само директна последица от поглобалниот и многустран ожесточен конфликт изразен во нескриен стремеж за налагање на различни политички волји и патем извлекување на максимални дивиденти от нивното налагање, од страна на официјално Скопје. Последица на историјата не е бугарската превентивна, ами точно обратното, македонската агресивна позиција, којашто го придружува јазичниот спор, како и болните територијални и културни претензии кон исконското бугарско население во Пирински крај. Колку само за илустрација, признавањето на политичките и историските реалности на повеке от половина век македонска држава, никако не се достатачна основа да се прифати тезата за некакви македонски малцинства, култура и историја, натфрлајќи ги границите на бившата Тито -Милошевиќева југорепублика. Постојаната атака против бугарските позиции по бугаро-македонскиот јазиков спор ги надмина дури и добро платените србски агетнти на Скопје и нивните дарежливи порачители, како и псевдолибералните интелектуалци во самата Бугарија. Според многу признаци ситуацијата заприличува на таа от почетокот на минатиот век, поточно на 1912 година, кога болниот човек од Босфорот, тогашната Османската империја, а сега Р.С.Македонија, одново е центар на внимание и сѐ позасилен геополитички интерес от страна на Великите сили. Тогаш наивната бугарска дипломатија, притисната от руската, ги потпиша на лажна доверба фамозните договори со Србија и Грција, така поставувајќи ги под сомнение виталните национални интереси и доктрината за државно и духовно единствно на бугарите во Мизија, Тракија и Македонија. Во ова поново време тоа станува под предлог дека, неодложното отворање на односите со Скопје ке биде пропустот на Р.С.Македоноија кон евро структурите. Некои ја тласкаат Софија кон такви отстапки, со кои е можно да се постави под прашање територијалната целовитотст на Бугарија и безбедноста на бугарското население под Пиринот. Ќе ги повтори ли бугарската дипломатија историските грешки от 1912 година , нејзините решенија и дејствија да бидат од туѓи, надворешни интереси, а не от чисто национални, бугарски интереси? Тоа е и најкраткиот пат до фатални компромиси, компромиси кои не само што ке ги остават нерешение проблемите со Скопје, тукуи ке ги постави под знак прашање националниот суверенитет, духовното и историско наследство, а со тоа и иднината на бугарската нација и повекевековната држава.
Бугарија веќе е уморена да проштава!
Безспорно е дека македонскиот јазик е тип на дијалектен израз на бугарската книжевна норма. Тој јазик, македонскиот, е основан врз југозападните бугарски говори, и тоа е факт. Тоа е повеке от јасно за секој пограмотоен филолог и от сериозна научна гледна точка таа теза не трпи ама баш никаква критика. От политичка гледна точка пак, македонскиот јазик е друга институционализирана државна норма на бугарски говор,преобратена во официјален јазик врз едно определено бугарско етно и географско пространство. Со самото тоа што предварително зададената флашива теза на Скопје, дека божем јазикот во суштината си е не-бугарски, па оттаму и изводот дека местното на население коешто го говори, исто така е не-бугарско, создава такво политичко поле во кое виреат основите за конфликтот, наречен јазичен спор. От своја страна пак, Бугарија е силно заинтерсирана и принудена, да ѝ се спротистави на оваа теза, за да си ја запази собствената идентичност и моралното право врз Историјата на трите нејзини области, каде што за повеке от 1300 години се развил бугарскиот етнос со своето специфично општо историско минато и јазик. Тоа се Мизија, Тракија и Македонија. Денешните македонци немаат ништо општо со дрвените македони от Античноста, ниту јазично, ниту антрополошки, ниту историски. Дилемата на скопската наука е речиси неразрешлива, зашто и сите оние држави, што сакаат от свои причини ја признаваат самостојноста на македнискиот јазик, се еднодушни за неговата неспорна припадност кон славјанското јазично семејство и поконкретно кон стурктурните особености на говорите и книжевниот јазик во современа Бугарија. Друг тревожен проблем за Скопје е и непрекинатиот процес на модернизација и глобализација во световен маштаб, особено силно изразен во цивилизирана Европа, а помалку на Балканите. Современата модернизација, демократија и плурализам ќе дадат отвореност на скриените, сѐ досега невидени и неспорни научни вистини за потеклото и јазикот и на самото население во денешена Р.С.Македонија. Сегашниот македонизам е базиран врз еден безспорен факт, суштествувањето на независна и суверена држава Р.С.Македонија. Овој србо-македонизам можеби при дадени услови би го признал етничкиот карактер на Македонија кон периодот до трагичната 1944 година. Но после тој период на насилното прекинување на вековната традиција во културен, политички, економски и јазичен однос, реалната состојба ќе биде показател на насилното, јазично и национално одродување на македонецот.
Проблем за јазикот
Неправилното поврзување на јазикот со државата води исто така до трагикомични апсурди. Јазикот како и нацијата не се крајните државни атрибути. Инаку треба да се говори и за швајцарски, белгијски, кипарски, луксембругски , јуарски, австрииски, мексикански, чилииски и какви ли не уште други јазици, коишто во практика не суштествуваат. Како основно средство за општување меѓу луѓето секој јазик се состои от три важни составки: 1. историја на јазикот, 2. дијалекти и 3. писмена форма. Така наречениот македонски јазик си има типично бугарско илјадулетна историја како бугарски дијалект и после Втората светска војна, поприма таква говорна и писмена форма, претставувајќи ни делимично деструктуриран книжевен бугарски јазик. Поточно кажано, во трите свои составки, македонски јазик како таков, просто кажано, нема! Во делот каде што се некако протуркани известни различности во писмената форма, никако не е доволна, за да го покрие обемот на целиот поим наречен јазик. И нешто повеке, таа составка на јазикот, писмената, има само регионален карактер, не заради тоа што е одрекувана во Бугарија или зад граница, ами поради објективни причини што таа е официјалната норма само за еден даден регион от географската област Македонија, само за нејзиниот Вардарски дел. Преостанатите два дела Пиринскиот и Беломорскиот немаат ама баш никакви однос кон таа “македонска писмена“ форма. Се до 1913 г, во течение на близу еден век, бугарскиот книжевен јазик си бил јазик на екзархиските училишта, литературата и печатот, за сите три делови на областа Македонија. Значи, тој јазик немал регионален, ами обштобугарски карактер. Денешната скопска норма е сеуште нестабилизирана до денешен ден и во таа една третина-Вардарската, каде што царува целосен јазиков хаос, преполнет со србизми.. Безпочвените претензии на писмената форма во денешна Р.С.Македонија, за некаква репрезентација на македонскиот јазик како цело во сите три делови на Македонија, имаат крајна цел, не само аспирации кон јазикот и местните дијалекти, туку и понатамошни политичики и територијални домогнувања. Нескриените аспирации на Скопје беа и се заложени помеѓу другото и во член 49 на Уставот на државата за божемна грижа за македонските малцинства надвор от границите. (иако имаше некакво разбирање от страна на Скопје, дека всушност излегување вон пределите на Р.С.Македонија при решавање на јазичниот спор не може да има). Скопскиот ултиматум дека при потпишувањето на договорите, ќе се разговара и за македонски јазик во бугарскиот Пирински крај, е само беден израз на србомански великомакедонизам и на тотална психопатска мегаломаија, што неминовното ке доведе до меѓународна арбитража. Невидената упорност на Скопје да наложува различни приоди кон своите соседи јасно покажува, дека објавената вербална политика на еквидистанца со соседите, си е само празна фраза. Какво воодеушевување и наслада е за Скопје, измислениот и наметнат на Софија јазиков спор!!!

