Македонизмот и црешата
Пишува: Ели Секуловска
Доведена во гнев од собрани, претенциозни списоци за перење ( особено список на валкани алишта), се потсеќам до кој степен на едноставност и глупавост може да дојде еден премиер како Мицковски со неговата изјава за цреши и дињи, а сето тоа народот толку лесно да го проголта. Мицковски зборуваше за потршувачката кошничка притоа изнесувајќи дека во месецот jануари не каснал ниту цреша, ниту замрзаната диња, ниту испил лименка кафе, ниту запалил цигара! Додуша јас немам видено во продавница замрзната диња, но замрзнатото овошје чини околу 70 тина денари. Премиерот ја поедностави популацијата како да е дигестивен тракт и фабрика за преработка на храна занемарувајќи го фактот дека луѓето имаат и дух ( a можеби мнозинството и немаат) од убава музика, од книги, литература, уметност, од нешто што вдахнува и нешто кое што оддржува во живот.
Но, нереагирањето на ваквите глупости од страна на популацијата е производ на стагнацијата .Издолжена кокошка која дава закржлавени пилиња за една полусурова, сосема некултурна идна генерација.
Не знам кој го советува Мицковски, најверојатно рептили од еден минат режим, послушници и следбеници на УДБа кои читале само учебници па многу потфрлаат кога треба да ни дадат примери. Дури и за литературата пишуваат со едно болно непознавање на големите книги. Кога јазикот ќе стане жртва на профитот, тогаш Simplex Munditiis или елегнатната еднставност станува база на „супериорно надaрените“ пишувачи и политичари. Во една земја вљубена во аматери, добро е човек да има чувствство за перфекција, да му се гади до смрт и да не може да најде утеха бидејќи не може да види ништо друго освен медиокритети и под медиокритети, црви кои се хранат со менталната активност на нивното време, со ум кој е наследен од паразитска состојба. Но, да се оддржи таквата диктатура мора да се проглупи народецот затоа што диктатурата е зависна. Зависи од лихварството и глупавоста.
Зборот е уништен од трговијата и влијае на тоа каде живееме. Има создадено група на лажни идеалисти кои ги ставаат во опасност животите, умовите и храната на сите луѓе. Секој човек не може да достигне врвна мудрост и не може да прими факти против сопствениот случај со истата радост со која прима потврдувања. Како и да е, мојата жалба против насобраната опозиција е тоа дека упорно одбиваат да изнесат било какви факти. Недоделканата јавност и провинцијалците протестираат против фактите и мислат дека тие се напад врз нивното национално достоинство, па заедно со мејнстрим медиумите функционираат како сврзани садови. Така се прави таа суптилна уцена на вредностите и веќе не се знае дали некој објавува покорност само за да се извиши и да се истакне или дали некој објавува банкрот на пишаниот збор, новинарството, културата и литеартурата само за да биде добар народен литерат Меѓу тие суштества сопнати од сопствените спротивности, вџашувачко е чувството на избежната тандета што притиска отсекаде .
Како и да е, најлошото нешто во историјата на македонската култура и живеење е дека доброволно или под принуда, се ограничи духот. Популистичката политика, уметноста, новинарството, литературата го потврдуваат тоа. Ни ја запреа нашата мисла, зборот, заменувајќи ги со јавна лага .Којзнае дали и воопшто постои некаква искра за враќање кон суштината, кон нормалата? Затоа што постои реверзибилен процес и иреверзибилен процес. Можеби Северна Македонија е одамна во иреверзибилен процес од каде нема враќање.

