| | |

 Македонизмот како примитивизам, Николоски е неговото лице

Пишува: Атанас Величков за БГНЕС

Бројот на луѓето кои се зафатиле со уметноста наречена политика и кои оставиле трага во историјата, како велемајстори на ова лизгаво поле, не е голем ниту на глобално ниво ниту во Република Северна Македонија.

Кај нас, имајќи го предвид бројот на партии во парламентот, недостигаат дури и сериозни политичари. Оние кои знаат кога, каде, како и зошто да изразат одреден став. За тоа дека ни недостасуваат одговорни и мудри политичари, по кој знае кој пат нѐ убеди еден претставник на власта во Република Северна Македонија. Ако до пред една година некои се потсмеваа на начинот на кој поранешниот премиер Заев зборува странски јазици, денес веќе се работи за изјава која е многу далеку од дипломатското говорење, вештина во политиката, а зошто да не и од домашното воспитание.

Еден од најблиските соработници на премиерот Мицкоски, министерот Александар Николоски, си зеде за право да ги нарече Бугарите нецивилизирани и мизерни (ставајќи ги само неговите политички противници од СДСМ на повисока позиција во скалата за мизерност). Ваков речник е неприфатлив во светот на високата политика, не треба да постои меѓу политичарите во една држава, а уште помалку такви зборови политичар на една држава треба да ги употребува и да ги упатува на цела држава и еден народ. Станува збор за норми и правила на комуникација, кои Николоски, би требало да ги познава, бидејќи освен како политичар, не се докажал на ниту едно друго поле.

За жал! Николоски е многу далеку од рангот на политичари како Арбен Џафери, Киро Глигоров, Илинка Митрева, Абдурахман Алити. Николоски не може ни да се доближи до вештината на Никола Груевски, иако долги години беше негова верна сенка.

„Храбриот“ македонски министер ништо не научил и покрај фактот што од првиот ден на неговиот работен стаж бил само политичар. Ова е навистина жално!

Но, нема потреба да не плачеме на туѓи гробишта. Гордиот член на владата во Република Северна Македонија е проблем, а зошто да не и срам за неговата партија и држава. Денеска во очите на многумина изгледа како херој, но тоа не ја менува дамката што реши да си ја стави, иако е искусен политичар и покрај неговата кревка возраст. Одговорноста за неговиот биртијашки став ќе го најде својот адресат. Ќе биде наплатена и сметката.

Не можеме да не ја споменеме трезвената и одговорна реакција на бугарското Министерство за надворешни работи. Кратко и јасно од нивна страна беше објаснето дека нема да го следат неевропскиот и невоспитан тон на господинот Николоски. Експертите во ова министерство одлично знаат на што укажува речникот на министерот. А речникот го покажува не само неговото воспитување и култура, туку ја покажува и неговата немоќ.

Не е лесно да удриш во камен во намерата да пренасочите едни пари од еден коридор во друг. Не е лесно да се дојде на власт со ветување 100 работи, која од која попатриотски. Да не се оправдаат очекувањата поврзани со Северна, луѓето што лежат во затвор поради настаните од 27 април 2017 година итн. Да ти останат само Бугарија и Бугарите по кои така херојски да плукаш.

Воопшто не е лесно, а уште пострашно во овој случај е што Николоски нема да ја направи Северна Македонија погорда, поавторитетна и понормална земја. Тој ја покажа својата култура, а срамот е за сите што гласаа за него и неговата партија. Ова, за среќа, го разбираат оние граѓани на РС Македонија кои знаат дека Македонците и Бугарите имаат заедничка историја и дека е мизерно да ги наречеш мизерни луѓето кои се светлосни години од тебе и по однесување, и по политичка умешност и по домашно воспитание. Ова е бруталната вистина и истата ќе ги прогонува лажните патриоти во РСМ.

Николоски сака да се претстави како голем македонски патриот, но нема ништо македонско во тоа да се навредува Бугарија со таков маалски речник. Македонец? Господинот Николоски со својот начин на зборување не може да влезе ниту во редовите на српските четници… таму имало многу достојни луѓе и херои. Нашиот „херој“ е само злобен и лошо воспитан. Но тој не е министер во бугарската влада, туку во македонската, па нека помислат нашите пријатели дали вреди сета оваа омраза и дали истата ги прави горди. Затоа што Николоски и неговото друштво дојдоа на власт токму за тоа, повторно да ја направат Македонија горда.

Македонските Бугари отсекогаш биле горди на нивната припадност кон бугарското племе. Процесот е во тек и очекуваме следните реакции на бугарската држава да бидат во достоинствениот дух на бугарскиот народ.



Слични Објави