МАКЕДОНКА ЌЕ ГО СУДИ ФИНАЛЕТО НА ЕП ДО 19 ГОДИНИ

Ивана Пројковска доби големо признание со тоа што е делегирана за главен судија на финалето на Европското првенство за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска.

На натпреварот за титулата ќе играат Германија и Франција. Таа на турнирот организиран од УЕФА веќе судеше два натпревари, по еден на двајцата финалисти. Пројковска беше главен арбитар на дуелот помеѓу Англија и Германија (1-2) и Франција – Норвешка (3-3).

На Пројковска во финалето ќе и помагаат Каролин Каивоја од Естонија и Александра Теодора Апосту од Романија, додека четврти судија ќе биде Зузана Валентова од Словачка.

Извор: Спорт1

Слични Објави