МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН ПОРАДИ СОМНЕВАЊЕ ЗА УБИСТВО ВО СЛОВАЧКА
Поради убиство во Словачка уапсени се двајца Срби и еден Македонец.
Двајцата Срби кои го нападнале и до смрт го претепале својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, се уапсени во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција.
Третиот напаѓач, државјанин на Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение.

