Македонскиот Бугарин Драги Каров денеска бил повикан на разговор во СВР Велес
Македонскиот Бугарин Драги Каров од Велес денеска во 10 часот бил повикан во СВР Велес да даде известување во врска со разговор во врска со КД член 394 г од Кривичниот законик на РСМ. Тоа станува јасно од објава на самиот Каров на социјалната мрежа Facebook.
Каров објавил и фотографија од поканата за разговор во СВР Велес.

Членот 394 г од Кривичниот законик на РСМ гласи:
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
