|

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ АКО САКААТ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ СО АСТРАЗЕНЕКА, ТРЕБА ДА ОДАТ ВО СРБИЈА

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „Астра Зенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „Астра Зенека“ кај лица помлади од 60 години.

– Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „Астра Зенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината „Астра Зенека“ кај сите кои имаат возраст помала од 60 години, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Засега, Министерството останува на ставот оваа вакцина да се дава на лица постари од 60 години.



Слични Објави