| |

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА КОМИСИЈА ПОСТИГНАЛА СОГЛАСНОСТ ЗА ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во Софија денеска продолжуваат разговорите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија. Kопретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров, објави дека двете страни постигнале согласност за чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.
Директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари, оценил дека е постигнат сериозен напредок само за неколку месеци, посебно околу историските несогласувања меѓу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век. Димитров вели дека Бугарија сака добри односи со Северна Макеоднија и силно ги поддржува нејзините аспирации за евроталнатска интеграција. Се очекува денеска на крајот од дводневната средба во Софија, Димитров и Ѓорѓиев да имаат заедничка средба со новинарите на која ќе информираат за резултатите од рагзоворите.



Слични Објави