МАНЧЕСТЕР СИТИ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО КУПЕЛ МЕСИ И ТОА СЛУЧАЈНО И ЕПТЕН БИЗАРНО!?

Англискиот премиерлигашки првак Манчестер сити со милијардите петро-долари на шеиците од Абу Даби во оваа деценија изгради моќен тим, а верувале или не пред нешто повеќе од една деценија „граѓаните“ за малку од глупост ќе го купеле Лионел Меси за 80 милиони евра.

Гери Кук, поранешниот директор на Сити од 2008 до 2011 година открил од една лоша комуникација за малку ќе го купеле Меси откако пред повеќе од една деценија од лоша комуникација испратиле неверојатна понуда, која буквално ја замислила Барселона за аргентинскиот виртуоз.

Сè почнува во периодот пред моќните арапски шеици да влезат во клубот, а дотогаш газда беше Тајланѓанецот Такшин Шинаватра. И тогаш Сити имал моќен спонзор, кој давал многу пари, а имале и желба Сити да го однесат на врвот.

„На Шинаватра десна рака му беше Паироџ Пиемпонгсант. Главен оперативец беше Пол Олдриж, а јас директор. И ние тројца зборувавме на телефон, кој беше уклучен на спикерфон. И тогаш, Пол го прашува Паироџ: ‘Што да правиме, голем неред е (‘It’s very messy)’. А, Паироџ го масираат, на тајландски нешто вика: ‘Да, Да…Многу Меси’. И ви се колнам во децата, мене ми се слуша дека сака да го донесеме Лео Меси. И јас, веднаш праќам понуда од 80 милиони евра за Лео“, признава Кук.

За тоа време пред повеќе од 11 години, кога Меси допрва влегуваше во фокусот на светската јавност, кога веќе Барселона имаше трио со Роналдињо, Анри и Ето, 80-те милиони евра беа – премногу пари.

„Тоа беше пред 10-11 години и беа ама баш многу пари. Испадна дека Барселона многу силно размислувала за понудата и кој знае што ќе се случеше, ако ние не сфативме дека од грешка е испратена. Пазете, не бевме ни свесни што правиме. Па, тогашниот челник на Премиерлигата, Дејв Ричардс ми се јавива и ми вика: ‘Гери, Вие пративте понуда за Меси? Цели 80 милиони? Дали си ти нормален?’. И така јас, да не се повлечевме, речиси случајно можеби ќе го донесев Меси во Сити“, откри Кук.

Извор: Спорт1



Слични Објави