МАНУ РАБОТИ НА ИСТРАЖУВАЊА ВО ВРСКА СО ВИРУСОТ КОВИД-19

/

Биомедицински истражувања, со посебен осврт на секвенционирањето на целиот геном на селектирана група вируси, изолирани од различни пациенти заради утврдување на различните поттипови, се дел од проектите на кои во моментов работи МАНУ, пренесува Канал 5.

Од Академијата соопштија дека работат и на економски истражувања, со посебен осврт на монетарните политики и на осигурувањето на стабилноста на македонскиот финансиски систем, и на фискалните политики во времето на глобалната пандемија и нејзините влијанија во Македонија, како и на истражување поврзано со геополитичките, општествените и економските последици од пандемијата од Ковид-19.

Резултатите од истражувањата, велат МАНУ ќе се објавуваат тековно, дневно и неделно, како што ќе пристигаат, на веб-страницата на Академијата, во дневниот печат и на други јавно достапни портали, во државата и надвор од неа.



-Претседателството на МАНУ, на 512. седница, одржана денеска, упати соопштение до јавноста за научен осврт и анализа на состојбите во врска со пандемијата од Ковид-19, во согласност со општествената одговорност на МАНУ, а заради обезбедување соодветен научен придонес во институционалните напори за справување со оваа пандемија, соопштија од Академијата.



Претходна статија

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СЕ ВКУПНО 113 ПАЦИЕНТИ, ОД НИВ 14 СЕ НА РЕСПИРАТОРИ

Следна статија

СДСМ БАРА ГОДИНАВА ДА НЕМА ДРЖАВНА МАТУРА

Најново од Вести