|

Маричиќ за пуштањето на Мијалков: Судиите да објаснат на јавноста зошто донеле ваква одлука кога е лице под реален ризик за бегство

Министерот за правда Бојан Маричиќ преку фејсбук ги искритикува судиите од Апелацискиот суд кои донеле одлука да го ослободат Мијалков од притвор и да ја прифатат гаранцијата од 11 милиони евра во недвижнини.

-Одлуката на Апелациониот суд во Скопје  да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните  да веруваат во судството.

Апелирам до Судскиот совет да  испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука, пишува Маричиќ.



Слични Објави