Марихуаната ќе биде легална во Германија од први април
Поседувањето и одгледувањето канабис во домашни услови ќе стане легално во Германија на 1 април откако законот ја помина и последната пречка и беше усвоен во Бундесрат, телото кое ги претставува сојузните покраини.
Сите граѓани постари од 18 години ќе смеат да поседуваат до 25 грама марихуана и да одгледуваат најмногу три стебла дома.
Од 1 јули, некомерцијалните клубови за канабис ќе можат да снабдуваат до 500 членови со најмногу 50 грама марихуана месечно.
„Се надеваме дека ова е почеток на крајот на црниот пазар“, изјави германскиот министер за здравство.