Марин Рајков пред БГНЕС: Бугарија нема скриена агенда, топката е во полето на РС Македонија

//

Марин Рајков е бугарски дипломат, амбасадор на Бугарија во Лондон и поранешен министер за надворешни работи.

БГНЕС: По средбата во Словенија, претседателот Радев зборуваше за дебугаризацијата, за уништувањето на бугарското културно наследство и за спроведуваниот со децении „преродбенички процес“ врз Бугартите во РС Македонија. Дали мислите дека со овој приод ќе ги одбраниме националните интереси на Бугарија и дека со тек на времето ќе се најде решение?

Марин Рајков: Во Словенија, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, јасно го нацрта патот за изнаоѓање на решение во однос на бугарските тревоги (т.н документ 5+1) и неговото вклучување во преговорачката рамка на РС Македонија, преку која ќе се воспостави и соодветен механизам за контрола. Нашите партнери постепено разбираат, дека од бугарска страна нема никакво вето, туку има настојување да бидат прекинати практиките во РС Македонија, кои се несоодветни со членството во ЕУ. Проблематичните теми за кои треба да се најде решение се: откажувањето од малцински и територијални претензии, промена на фалсификациите во учебниците и спомениците, прекин на говорот на омраза, рехабилитација на убиените и на тие што настрадале во антибугарските репресии по 1945 г. вистинска и резултатна работа на Мешовитата комисија за историски прашања и почитувањето на правата на македонските Бугари, како државотворен народ во РС Македонија. Ја должиме вистината на народот во РС Македонија за извршените репресии врз најбудните македонски Бугари по 1944 г. – за логорите, за насилната промена на идентитетот, т.е за политичкиот инжинеринг, извршен од југословенската власт. Јамите со убиените, уште не се раскопани. За тоа и нема реално помирување. И денеска како и тогаш молкот е рамен на соучесништво. Вознемирувачки се големиот број сигнали за директен и индиректен притисок врз нашите сонародници за време на пописот таму. И покрај тоа речиси 120 илјади од нив, се попишаа пред време во Софија, откако дојдоа лично и ги поднесоа своите декларации за бугарско потекло заедно со документи што го докажуваат бугарското потекло на нивните родители. Тие се и граѓани на ЕУ и ние сме должни да ги заштитиме.

БГНЕС: Каква опасност за Бугарија и за Бугарите, може да се случи, ако РС Македонија ги започне преговорите пред да ги реши отворените прашања со Софија, така како што ги реши со Грција после две децении грчко вето?

Марин Рајков: Интегрирањето проблеми наместо партнери секогаш носи ризици за ЕУ, бидејќи ние сме семејство на слободни нации, кои делат заеднички вредности. Легитимирањето во ЕУ на камуфлирани тоталитарни идеологии од 1940 -тите е очигледен проблем – уште повеќе кога тие дегенерирале во етнички доктрини што ги дефинира луѓето од соседна земја -членка со квалификации како што се „Татари“, „фашисти“, „окупатори“ “и така натаму. Учебниците и јавните симболи на југословенскиот режим се уште носат траги од оваа државна идеологија, а оригиналните споменици што се во спротивност со него и денес се уништуваат.
Ние во Бугарија сакаме повеќе од било кој друг да се оствари европската иднина на PCM и границата меѓу нас да стане невидлива. Впрочем, оваа граница не ги дели народите, туку ги дели семејствата. Затоа ние инсистираме дека реформите во земја која сака да започне преговори не можат да бидат по принципот на „Потемкиново село“. Демократската имитација, колку и да е професионална, не ги решава проблемите, туку ги замрзнува. Реформите на сопствениот софтвер на државата мора да ја гарантираат катарзата на ова општество, кое пред само две децении пролеа крв во постјугословенските конфликти како резултат на таквите националистички доктрини.
Националниот мозаик на РС Македонија претпоставува дека македонските Бугари, со нивното читање на историјата и учеството во институциите, ќе добијат место како клучна државотворна компонента на нова држава, а не да се третираат како маргинализирано малцинство, нешто што тие не се и нема да прифатат да бидат.



БГНЕС: Но, г-динот Мицковски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и наследник на бегалецот Груевски, рече дека ако Бугарија бара малцинство во РСМ, тогаш Скопје мора да продолжи со своите претензии за создавање „македонско малцинство“ во Бугарија.

Марин Рајков: Не е изненадување што политичките остатоци од југословенскиот режим својата историска амнезија ја претвораат во агресивна платформа. Додека беше на власт, оваа политичка сила бараше Македонци дури до Авганистан. Логично е дека и сега ги бара „со фенер“ во Бугарија и Грција. Оваа химера не може да стане аргумент бидејќи:
Прво: Бугарија не бара „бугарско малцинство“ во РС Македонија. Историски гледано, ниту една од нашите две земји нема малцинство на територијата на другата. Не постојат објективни критериуми за барање на малцинства во една или друга насока, бидејќи не постојат објективни разлики помеѓу луѓето од двете страни на границата. Македонската бугарска заедница, исто така, не е одвоена од националното тело на РСМ, но очекува да добие статус и гаранции за нејзините права како рамноправна компонента за градењето на државата на еднаква основа со Албанците и другите. Така, ќе биде гарант за стабилноста и европската иднина на земјата.
Второ: Скопје, преку Декларацијата од февруари 1999 година и Договорот од 2017 година, јасно кажа дека нема претензии за некакво „македонско малцинство“ и ќе се грижи само за своите граѓани на нашата територија – исто како што ние се грижиме за овие 120 илјади наши граѓани во РС Македонија. Откажувањето од барањата за малцинства е исто така дел од шесте точки за кои станува збор, кои треба да бидат вклучени во документот, кој, откако ќе се вклучи во преговарачката рамка, би го отворил патот за преговори со ЕУ.

БГНЕС: Дали наоѓате поддршка и разбирање за бугарската позиција за време на вашите средби со странски дипломати? Дали ЕУ е свесна каков проблем е овој странски гео-политички проект?

Марин Рајков: Оваа тема воопшто не е централна во дискусиите во дипломатските кругови, вклучително и затоа што, за жал, сме сведоци на одреден замор од проблемите што ги остави „југословенското наследство“. Темата е присутна како одраз на нашата посветеност и посветеноста на нашите сојузници да држиме отворено прашањето за проширувањето на ЕУ. Се сеќавате дека ова беше централното мото на бугарското претседателство со Советот на ЕУ. За сите нас во ЕУ, проширувањето кон Западен Балкан не смее да ја изгуби важноста. Од друга страна, иако маргинално, проблемите периодично се рефлектираат како резултат на обидите на нашите скопски пријатели да ги заменат очекуваните од нив домашни реформи со обвинувања против други: Пред Охридскиот договор, Албанците беа виновни. Пред Преспанскиот договор, Грците беа виновни. Пред усвојувањето на новата методологија за проширување, Французите беа виновни. Сега е редот на Бугарите да бидат виновни. Искрено се надевам дека ќе излеземе од овој маѓепсан круг во кој се вртат нашите браќа. Ние во Бугарија немаме скриена агенда и подадовме рака. Но, топката сега е во нивната половина од теренот.

Претходна статија

Фаталното пријателство на политиката и историјата во Македонија

Следна статија

(Видео) Нешков: Македонија изгуби многу време во лажни очекувања дека спорот со Бугарија ќе се реши со притисок од надвор

Најново од Интервју