МАРКОВИ КУЛИ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНА ЦЕЛИНА ОД УНЕСКО
Повеќе балкански земји во сопствените ретки природно културни наследства вложиле пари и ги направиле во една целина. Атрактивна и за туристите и за научните работници во светот.
Не случајно Маркови кули како значаен геоморфолошки локалитет експертите го споредуваат со Ѓореме во Кабадохија во Турција.
Првиот чекор во таа насока во земјава се прави сега со Биографска целина,,Маркови кули,, на дводневниот меѓународен научен собир во Прилеп во организација на Институтот за старословенска култура.
Од манастирот Зрзе, до Трескавец, па до оној во Варош Арахангел Михаил,комплексот Маркови кули и Манастирец во Мариово е археолошко историска целина и преставува посебно и ретко културно наследство на Балканот.
Поради тоа треба да биде заштитено од УНЕСКО и искористено како посебна туристичка атракција.
Во научните трудови археолозите од земјава и од странство меѓудругото тврдат дека со проекти и пари од европската унија во рамките на прекуграничната соработка Марковите кули треба да станат значајна културна и туристичка атракција на Македонија.
Извор: Канал5

