|

Масакрите во Прилеп, Велес, Куманово и други места

На 15-ти јануари 1945 г. е извршено масовно убиство на 53 затвореници (86 според најнови истражувања) близу Велес од страна на ОЗНА, без суд и пресуда. Масовната гробница била пронајдена дури во 1996 г. во месноста Пуста Кула, близу селото Летевци. Шеесет години никој не зборувал за случајот. Според обдукцијата, затворениците биле усмртени на најсвиреп начин со токмаци и железа, со удари по главата, а потоа закопани во масовна гробница. Стрелањето го наредил полковникот Евто Шашиќ. Погубувањето се случило непосредно по бунтот на македонските офицери и масакрот на скопското Кале. Помеѓу жртвите имало припадници на ММТРО и на ВМРО.

“Предводени од Срби, србомани, гркомани, албанци и извесен број други заблудени, со врховен началник Светозар Вукманович – Темпо, партизаните имаа за прва задача да се справат со сите оние „соработници на окупаторот и големобугари“ – патриоти, кои го продолжиле делото на старите поколенија, кои постепено ги обновуваа старите национални вредности, задушени от Србите. Прв Прилеп го доживеа нивниот гнев. По заповед на Темпо и Цветко Узуновски тие започнаа со убивањето на другарите на Методи Шаторов. Убивањето на сите се извршило на подмолен начин. Биле извикувани од Темпо на разпит, божем му го проштава минатото, но при услов да кажат кои се пријателите на Шаторов. После тоа ги застрелвал. Покрај тоа озлобените Темпови подлизурковци започнуват веднаш да ги убиваат по улиците како кучиња, без суд, цела група пројавени Бугари. Убивањето на месните Бугари од Прилеп, на број 56 души, ќе беа извршени, ако во последниот момент не смешал Методи Ченто и ги спасил од јавна смрт.

Со влегувањето на партизаните во Велес биле затворени неколку десетици бугарски првенци начело со д-р Богдан Попѓорчев. Судбата на тој прекрасен Бугарин, член на Младинската тајна револуционера организација во време на диктатурата на крал Александар, е мошне тажна. Тој бил посветен на високохуманното дело на лекар, но истовремено и на национален деец. За таа негова родољубива дејност добивал постојано закани од србоманите, но тој не се уплашил. Во деновите, кога бугарските војски ја напуштат Македонија, а по нив и германските, Попѓорчев за последен пат е предупреден да бега, зашто нема да му биде простена бугарската национална дејност. Но тој одговарил: „Нема зошто да бегам. Не сум извршил ништо противнародно.“ Несреќниот доктор не ни помислувал, дека нема да биде дури суден, а направо ликвидиран по најжесток начин. Останал на својата должност до последниот момент, деноноќно зафатен со преврзвање и лекување на ранетите партизани, кои му биле донесувани на носилки после последните битки со германските војски кои отстапувале, тој бил затворен со бела престилка и крвави раце од партизанските рани, со готови завои да преврзва други. Околу 54 души видни Бугари се однесени во неизвестност. Цел Велес се дига на нозе, се собират стотици потписи под молбата да биде поштеден љубениот на сите доктор и неговите другари. Напразно. Тие се подложени на жестоки измачувања. Во првите денови на јануари 1945 г. тие до еден биле убиени. Изведувани биле на на три пати со камиони доцна навечер. Д-р Богдан Попѓорчев, пред да биде убиен, бил биен со железо, неговата чељуста му била разбиена и умрел во маки. Главниот џелат е Радко Петровски – помошшник-началник на УДБА (ОЗНА). Еден од непосредните убијци бил Боро Коробар од Велес, изклучително жесток човек. Како непосреден заповедник за злосторството се посочува командантот на Велес Киро Попадиче.

Друга страшна касапница на Бугари е направена во Куманово. Таа одзела околу 48 жртви, слично на Велес – без секаков суд. „Военниот суд на скопската воена област – Совет при Кумановскиот воен сектор, со својата пресуда од 14-ти јануари 1945 г. ги осуди на смрт… следните лица”. И ги набројува 40-те имиња на убиени без суд Бугари и Албанци, поправо оформено едно извършено кривично дело без разпит, без обвинителен акт, без заштита, без обштествена контрола.

Тие колења, кои само во Велес, Куманово и Прилеп зедоа над 140 крвави жртви без суд, уште во првите дни на србоманската власт ја потресоа цела Вардарска Македонија и го натераа дури самиот Методи Ченто како председател на президиумот на АСНОМ на едно јавно собрание да извика на висок глас: „Кој го изврши тоа кривично дело, кој го заповеда? Треба да бидат извадени под одговорност виновниците? Како може да се вршат такви безаконија” и сл. Но тоа беше само глас во пустината, затоа што скоро, како што ќе видиме, Ченто беше соборен од власт и отиде во затвор.

По селата беа убивани молкум, еден по еден, стотици и стотици. Без закрила, без сведоци, по меѓуселски патишта, во темнините на ноќта, откриено или од засада, во избите на участоците, по нивите и горите – по ред паѓаа жртви на одмаздата – сите безимени, неизвесни денес никому. И навистина кој освен најблизките знае за следната серија од имиња на такви загинати Бугари од средината на простиот народ.“

МАСАКРИТЕ ВО ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, КУМАНОВО И ДРУГИ МЕСТА, Коста Црнушанов

Слични Објави