| |

Премиерот Денков и шефицата на бугарската дипломатија Габриел ќе ја претставуваат Бугарија на Светскиот економски форум во Давос

Премиерот академик Николај Денков и министерката за надворешни работи и вицепремиер на Бугарија Марија Габриел ќе ја претставуваат Бугарија на Светскиот економски форум во Давос.

Во центарот на дискусиите годинава ќе бидат идеи и стратегии поврзани со ризиците пред економијата, екологијата, вештачката интелигенција и спротивставувањето на дезинформациите. Премиерот Денков ќе учествува во низа дискусии и лични разговори, информираат од владината прес-служба.

Шефицата на бугарската дипломатија од своја страна ќе има обраќања во три клучни дискусии на форумот. Денеска таа ќе се обрати на панел-дискусиите „Бизнис аргументите за проширувањето на ЕУ“ и „Иницијативата „Три мориња“ како мотор за економски развој“. Утре Габриел ќе учествува на тркалезна маса на тема „Глобален економски тинк тенк“ во организација на Блумберг.

Во рамките на посетата на економскиот форум Габриел ќе се сретне со генералниот секретар на ОЕСР, со комесарот за инфраструктура и енергетика на Афричкиот сојуз, со првите дипломати на Кралство Саудиска Арабија и Нигерија, со министерот за образование, наука и иновации на Република Јужна Африка и со министерот за развој на жените и децата на Индија.

Фото: БГНЕС

Слични Објави