МБАПЕ НА ИНСТАГРАМ ПОТВРДИ ДЕКА ОСТАНУВА ВО ПАРИЗ, НО ПОД – ТРИ УСЛОВИ!?

/

Долго време се шпекулира за статусот на Килијан Мбапе во ПСЖ, за кого се смета дека не е задоволен во Париз.

Тоа го следи тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, зашто сака да го ангажира младиот фудбалер во светот, но очигледно од тоа нема ништо да се случи летово.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе по состанокот со спортскиот директор Леонардо и претседателот Насер Ал-Келаифи кажал дека ќе остане во ПСЖ, но само под три услови.

Прво побарал клубот да ангажира неколку фудбалери од светска класа, кои би помогнале во освојување на Лигата на шампиони.



Наводно, втор услов бил да не се продаде Нејмар, со кој Мбапе знае да се скара, но поголем дел од времето добро се сложуваат.

На крајот Мбапе не сакал повеќе да игра на крилна позиција, туку сака да биде „деветка“.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ГДУ: ЗОШТО РАШКОВСКИ НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА?

Следна статија

МЕСИ РАСПУКА ПО СУДИИТЕ: ИМАА НЕКОЛКУ СР**Е ОДЛУКИ!

Најново од Вести