Бугарија им оддаде почит на жртвите на српскиот режим по 1945 година во Македонија
Во црквата „Света Недела“, во центарот на Софија, денеска напладне беше оддаденa почит пред споменот на илјадниците убиени на почетокот на новиот српски режим во Македонија по 1945 година, јавува БГНЕС.
Убиствата на македонските Бугари започнале кон крајот на 1944 година, но својот врв го достигнале за време на Божиќ на 7 јануари 1945 година. Потоа илјадници биле убиени за неколку часа во неколку градови во Македонија.
Овој масакр стана познат како „Крвав Божиќ“. Наредбата за убиствата на македонските Бугари дошла директно од Белград од најблиските соработници на југословенскиот диктатор Јосип Броз-Тито – Светозар Вукмановиќ-Темпо и Милован Ѓилас.

На панихидата присуствуваа македонски Бугари, познати научници, јавни личности и многу обични граѓани.
Македонската јавност, како и граѓаните на другите републики од поранешна Југославија, а сега независни земји, сè уште не знаат за бруталните злосторства на југословенскиот режим по 1945 година, воспоставен од диктаторот Тито.
