МЕДВЕДЕВ: ЈУТЈУБ НЕМА ДА БИДЕ ЗАБРАНЕТ ВО РУСИЈА
Не постојат планови да се забрани Јутјуб во Русија, кажал рускиот премиер Димитриј Медведев во годишното интервју за 20 руски телевизиски куќи.
„Никој не планира да забрани било што и Јутјуб во Русија ќе продолжи да работи како и досега. Оние кои заработуваат на Јутјуб и понатака ќе можат тоа да го права, но тоа и не зависи од нас, туку од политиките на Јутјуб“ рекол Медведев, одговарајќи на прашањето на блогерката Анастасија Мејева.
Тој додаде и дека Јутјуб има стриктни правила за авторските права, како и за деловни договори и други аспекти на комерцијализација на интернетот.
Коментирајќи ги интернет забраните, рускиот премиер објаснил дека тие не се ефикасни, дека е лесно да се заобиколат и дека таканаречениот Закон за суверен интернет (Рунет) не е наменет за забрани.
„Тој закон има сосема поразлична цел- нас да не не исклучат од интернетот доколку на некој тоа му падне на ум. Кога кај нас почнаа несогласувањата со Американците, сериозно се разгледуваше прашањето да не исклучат од системот за верификација на плаќања. Тоа е она што се нарекува низок удар, всушност, објавување на војна. Сепак, се говореше за тоа“, оценил Медведев, пишува „Спутник“.
Тој заклучи дека Законот за суверениот интернет ќе овозможи да се заштити интернетот во Русија.
Русија го усвои Законот за суверен интернет, таканаречен „Рунет“, кој стапи на сила од 1 ноември со цел да се заштити работата на интернетот во случај на појава на закани за неговото функционирање.