|

Меѓународна изложба, гала балетски концерт и театарска претстава во рамки на Скопско лето

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, денес ќе се одржат три настани.

Со почеток во 19:00 часот во Националната галерија на Р.С. Македонија – Чифте амам ќе се отвори меѓународна изложба насловена „А потоа врнеше во длабоката фантазија“.

Истата претставува концептуален меѓународен проект во кој учесници се: Рафет Јонузи- Косово/Австрија, Арета Мала – Косово/Холандија, Теута Јонузи – Словачка/Австрија, Худа Такрити – Австрија, Кристин Венцел – Романија/Австрија, Михаел Кос – Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Дахгард – Данска/ Англија, Саша Буквац – Босна и Херцеговина, Славица Јанешлиева – Македонија, Игор Сековски – Македонија.

Со почеток во 20:00 часот на Малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одигра театарска претстава “ПОТКРОВЈЕ” според „ЦЕНАТА“ на Артур Милер.

Со почеток во 20:00 часот во Салонот на Националната опера и балет ќе се одржи “Гала балетски концерт“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.



Слични Објави