| |

ГРЧКОТО МНР ОРГАНИЗИРА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО

Научниот совет на грчкото Министерство за надворешни работи ќе одржи конференција за правните аспекти на Договорот од Преспа, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството. На конференцијата ќе дискутираат професори по право, историја, меѓународни односи од атинските и солунските факултети. Од грчкото МНР соопштуваат дека целта на конференцијата е да има плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што произлегуваат од овој историски договор за решавање на спорот со ПЈРМ. Дискусијата ќе има 4 сесии и се очекува да придонесе во разјаснувањето на критичните концепти и правни термини, со цел целосно да се информира јавноста, соопштуваат од грчкото МНР. Дискусијата ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи на Грција, предвидено ќе трае 7 часа, а ќе заврши вечерва, со обраќање на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој ќе говори на тема „Оценка на Договорот од Преспа и стратешка имплементација“. Според најавите првата сесија ќе биде посветена на историската и правната позадина на договорот, втората ќе ги разгледа аспектите на договорот во однос на името и употребата, во третиот дел, професорите ќе дискутираат за прашањата поврзани со имплементацијата, а четвртата и последна сесија е посветена на договорот за решавање на спорот, државјанството и јазикот.

Слични Објави