Мехмети ги повика Курти и Рама да им помогнат на Албанците во Македонија
„Во Албанија се прашуваат зошто е намален бројот на косовските Албанци, што ги оддалечи од албанското крајбрежје? Додека се прашува Албанија кај се Косовците, нашите браќа од Косово продолжуваат да прашуваат кој бил интересот на Албин Курти да ја поддржи ‘владата на Вучиќ’ во Македонија? Косово прашува што се случи со неговиот премиер, кој интервенираше на парламентарните избори во Македонија. Забораваат дека причината може да биде многу прозаична: затоа што разбрал која било македонска партија, што ќе дојде на власт, и без оглед кои Албанци ќе бидат нејзини ‘вазали’, Македонија ќе остане она што отсекогаш била до сега – протекторат на Белград.“ – изнесува публицистот и писател Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Прашува Албанија: Кај се Косовците, зошто не доаѓаат на годишен одмор?!“, која ја објави ТВ Шења на својот интернет-портал.
Покрај другото, во колумната Мехмети го пишува и следното: Во меѓувреме, има нешто што не го разбраа ниту премиерот на Косово, ниту премиерот на Албанија: дека најголемата помош што можат да им ја понудат на Албанците, насекаде кај што се наоѓаат, е да ги зајакнат државите, што ги водат. Можеби има нешто што не сме го разбрале и ние: дека и Албин Курти и Еди Рама ѝ припаѓаат на балканската политичка школа, која ве учи да се зафатите со чистењето на дворот на соседот кога не можете да си ја средите сопствената куќа!, објави Шења.
