Мемоари на турски високи функционери го растураат митот дека Бугари од Македонија значи припадници на бугарската Егзархија

//

Пишува: Доц. д-р Спас Ташев

Османската империја постои до 1923 г., а владее со Македонија до 1912 г. И покрај тоа што основачот на современа Турција Кемал Ататурк истакнува дека Турција е последната земја, која се ослободува од османлиска власт, континуитетот на двете држави е повеќе од очигледна. Во 60-тите и 70-тите во Турција се зголемува интересот кон некогашното османлиско наследство, вклучително и кон Македонија. Тоа е период во кој турските медиуми почнуваат да бараат живи сведоци на последните години на Османлиската империја и да ги објавуваат нивните спомени.

Во 1968 г. истанбулскиот весник „Акшам“ ги објавува мемоарите на Халил паша, османлиски офицер, кој служел во Македонија. Опишувајќи ја Младотурската револуција од 1908 г., Халил паша обелоденува многу важни податоци.

„Сликата во Македонија покажуваше дека муслиманите се мнозинство, но не сите од нив беа Турци. Посебно на Косово, Албанците и Бугарите муслимани (помаците) ги броевме во таа муслиманска група. Во неа меѓу Турците и Албанците речиси и да немаше единство. Понекогаш судирите меѓу нив стануваа широки воени активности. Резултатите покажуваа дека во тие случувања, во темелот стоеше не истата религија, туку националната припадност“.

Истата година друг истанбулски весни „Буѓун“ објавува серија од статии на новинарот Фазел Касаќурек, којшто ги нашол спомените на симнатиот од османлискиот престол султан Абдул Хамид II и на неговите најблиски соработници. Во нив има цело поглавје со наслов: „Потготовката за востание на Бугарите од Македонија“ и токму тука се разгледани два важни момента- фактот дека Бугарите се најважниот елемент во областа Македонија и активностите на османлиската власт да ги насочи Грците против нив, земајќи го грчкото малцинство под свое покровителство.

Со голема вредност се фактите објавени од Тахсин паша, поранешен главен секретар на султанот. Пашата разкажува како еднаш султанот го прашал „колкав е бројот на Бугарите во Скопје“, подвлекувајќи дека Абдул Хамид II сакал да го дознае процентот на густина на бугарското население во градот. На другиот ден скопскиот валија не извести дека Бугарите се повеќе од 3000 луѓе“. Тука треба да подвлечеме дека османлиската статистика го ги забележувала само полнолетните мажи во градот.

Интересот на турската јавност кон Македонија, станува причина одредени локални јавни личности да побараат поблиски односи со македонското ослободително движење. Така започнува размена на информација, која е интересна и за двете страни. Плод на таа соработка е барањето на статистички податоци во османлиските архиви за составот на населението. Во март 1970 г. Централниот комитет на МПО објавува меморандум преку кој ги информира сите заинтересирани фактори со официјалната османлиска статистика за Македонија од 1902 г., која покажува дека во областа има Бугари и нема етнички Македонци.



Махмут Делиорман

Во рамките на таа соработка посебно се истакнува турскиот новинар Махмут Делиорман. Тој има симпатии кон македонското ослободително движење и неговиот водач Иван Михајлов. Во септември 1970 г. испраќа поздравителна телеграма до 49-тиот конгрес на МПО одржан во Детројт. Во истата пишува: „Нека овој конгрес ги сплоти во една гранитна целина сите македонски Бугари, насекаде низ светот. Конгресот да изјави пред светот, дека земјата, низ која поминуваат реките Вардар, Струма, Места и бугарска Морава живеат македонски Бугари, кои ја натопиле таа света земја со својата крв и го воодушевиле светот со своите херојски подвизи. Најголемиот престап го врши цивилизираниот свет, бидејќи дозволува таа света земја да се гази од валканите нозе на крвниците (како) Тито“.

Благодарение на работата на Махмут Делиорман, започнал исклучително продуктивен период во поглед на откривањето на вистината за Македонија преку нови публикации во турскиот печат. Посебно внимание се посветува на турскиот национален херој Енвер Паша, за кого Шевкет Ајдемир истата година ја објавил книгата „Од Македонија до Централна Азија“. Пред да стане еден од водачите на Младотурците, Енвер Паша во 1907 година командувал со османлиската војска во познатата битка со бугарскиот одред на планината Ножот кај селото Ракле кај Прилеп. Откако Бугарите биле опколени, преостанатите живи бунтовници извршиле самоубиство со своите револвери или легнувајќи на бомби. Така, за слободата на Македонија загинале 67 бунтовници, од кои 45 родени во Кнежеството Бугарија. Овој факт во никој случај не се вклопува во денешниот македонски псевдо-наратив за минатото и поради тоа, истиот во Скопје тврдоглаво се чува во тајност. Меѓутоа, Енвер Паша не си ги затворил очите пред овој херојски чин и заповедал отоманската војска да даде почесна стрелба во чест на бугарските храбри комити.

Во истите мемоари, Енвер Паша спомнува дека по победата на Младотурската револуција тој патувал низ Македонија и ја организирал новата влада, свикувал собири, држел огнени говори. На таков настан, еден од оџите прочитал молитва. После тоа, свештеникот Ѓошев, еден од бугарските свештеници, одржал говор на бугарски јазик. Енвер Паша експлицитно напишал за овој ден: „Зедов збор. Одржав два говори, еден на турски и еден на бугарски јазик“.

Вреди да се спомнат и мемоарите на Фазал Неџип бег, објавени во Истанбул во 1972 година, со наслов „Зошто ја загубивме европска Турција“. Велат дека во Македонија „на инсистирање на Европа во 1906 година имало сериозен попис“. Иако бројот на Бугарите е потценет, 575.000 мажи се регистрирани како такви. Неговиот коментар е исто така интересен: „Речиси 1 милион муслимани беа Турци, а околу 750.000 Албанци и Помаци (бугарски муслимани)“. Овде е многу јасно дека Фазал Неџип бег прави разлика помеѓу етничка и верска припадност. Во оваа прилика, тој признава дека „немаме право да им се лутиме“ на Бугарите кои работеа со план, спроведоа востанија и станаа причина за нашите несреќи. Човек може да ја промени својата религија, владите може да паднат, но националноста не се менува. Човештвото секогаш живее со својот национален идеал.

Поздрави на български език от Махмут Делиорман до Иван Михайлов: Уважаеми г-нъ Ив. Михайловъ. Честитявамъ Великитъ ви празници и Новата 1972 година. Пожелавамъ на Васъ здраве, дълъгъ животъ и щастие. До гробъ Вашъ съмишленикъ и приятель. М. Делиорманъ. 27.11.1971

Сепак, вистинската сензација во Турција се случи во 1975 година. Претходно, неколку турски медиуми ја пренесле информацијата дека водачот на ВМРО Иван Михајлов пристигнал во земјата. Македонските патриотски организации официјално го негирале ова тврдење, но несомнено е дека биле воспоставени контакти, и на 30 -ти април, големиот турски весник Орта Догу објавил обемна статија на Иван Михајлов. Во неа тој пишува: „За краткост, избегнувам да ги споменам безбројните признанија на научници од целиот културен свет дека македонските Словени се Бугари. Меѓу овие сведоштва се спомените на истакнати политичари и јавни личности, вклучувајќи ги и турските национални херои како Енвер бег, Нијази бег, Халил Паша и солунскиот гувернер Казим бег, чии мемоари се објавени под псевдоним. Зборовите на Иван Михаилов се исклучително важни, бидејќи турските архиви го побиваат едно од најочигледните модерни фалсификати во Скопје. Кога скопските „историчари“, велат дека имаат право на своја интерпретација, тврдат дека името „Бугари“ всушност не значело Бугари, туку само лица кои припаѓале на Бугарската егзархија, кои инаку биле Македонци. Меѓутоа, османлиските документи зборуваат за Бугари, вкл. и за Бугари со припадност кон различни верски заедници, а не само кон православието, што е уште еден аргумент да се прогласи македонскиот „наратив“ за лажен.

Претходна статија

МБП Скопје со реакција за сменетиот споменик на војводата Велко Скочивирче во селото Клепач: Извршен е злосторнички чин врз историската вистина

Следна статија

Бугарска национална платформа: Бараме меѓународна интервенција за запирање на етноцидот врз Бугарите во РС Македонија

Најново од Истакнато

Методиј Иванов: Тезата на софиските македонисти дека историската вистина за бугарскиот карактер на Македонија е производ на живковизмот е најнеодржлива

„Во бугарскиот медиумски простор спорадично се објавуваат ставови на група либерално настроени луѓе кои демонстрираат блиски