| | |

Мера според мера и вера зарад вера

Пишува: Атанас Величков

Прекрасно е кога млади интелектуалци од Република Северна Македонија макар и делумно се запознаени со творештвото на Пејо Јаворов- еден од најголемите поети на соседна Бугарија. Кога пак истиот тој голем Јаворов е цитиран во публицистички текст, убавото чувство би требало да биде уште поголемо. Тоа, нас македонските Бугари може само да нѐ радува. Бидејќи така, оние „ѕидови“ изградени за да ги разграничат и физички и пред се духовно, луѓето од двете страни на границата се ронат. Камче, по камче ги снемува.

Таму под скромното купче сронати камчиња може да се види дека не секогаш цитирањето на Јаворов, може да се протолкува како нешто позитивно. Посебно, ако тоа цитирање да речеме, има за цел аматерски да го прикрие или пак да го подвлече презирот на авторот, кон родината на големиот поет.

Адвокатот Марин Гавриловски во своја колумна објавена вчера во „Слободен печат“ со наслов Мера според мера – старо-новата доктрина на ВМРО цитирајки го Јаворов, се обидел да ги просветли читателите со неколку негови навистина интересни тврдења.

Првото се однесува за меѓусебните убиствата во редовите на ВМРО до растурањето на Организацијата по превратот од 19 мај 1934 г. во Бугарија. Се разбира поделбата на „помалку или повеќе пробугарски настроени“, искористена од авторот, можеме да ја оправдаме со фактот дека истиот не е историчар, бидејќи во ВМРО, а и претходно во ВМОРО никогаш не постоела таква поделба. Тоа е историски факт, кој не може да биде негиран. Се разбира има припадници на Организацијата, кои ги прифаќаат идеите на македонизмот, но тие се исклучок, кој само ја потврдува монолитноста во однос на етничката припадност или ако сакате самосвест на поголемиот дел од припадниците на таа револуционерна организација.

Во Организацијата, имало секакви идеолошки поделби, на левица, десница, на протогеровисти и михајловисти, но сите биле Бугари, се разбира без оние, кои биле во дел од истата, но припаѓале на други етнички групи во и надвор од Македонија. Припадниците на ВМОРО и ВМРО, кои себе си ќе се наречат Македонци во етничка, а не во регионална смисла се појавуваат подоцна.

Во однос на тврдењето на авторот дека Македонците кои бегајќи од зулумите на Турците и нашле прибежиште во Бугарија, „се бугаризирале“ и сметале дека на територијата на Македонија живее население со бугарско национално чувство, ќе цитираме што велат Иван Хаџиниколов (еден од основачите на Организацијата) и Анастас Лозанчев (член на Главниот штаб на Илинденско-Преображенското востание).

„Еден ден бевме излегле крај морето да пиеме кафе во кафеаната „Бел-ви“. В. К’нчев беше многу зборлест, и меѓу другото во своите прикажувања рече дека тој дошол за учител во Солун за да ја побугари Македонија. Тоа беше претерано и силно речено. Му приговорив дека не бива да зборува така и да се натценува себе си, бидејќи Македонија одамна е бугарска и дека македонските Бугари одамна водат борба против рутината; нејзе ѝ е потребна просвета што треба вистински да ја шират сите учители и духовници…“ Иван Хаџиниколов (Спомени И.Х Николов, Д. Груев, Б Сарафов, Ј Сандански, М. Герџиков, д-р Х Татарчев, Скопje 1995 г. )

„За Македония да сме начисто.

Не само не одобрявам, но и протестирам против оня повик срещу всичко българско, не могат нашите синове, па макар и да стоят на най-високото место като Негово Превъзходителство г. Лазар Кулишевски – титлата казвам с най-голема сериозност, а не на майтап, майтапът не е присъщ на моя характер, не може и моят приятел Дим. Влахов да ни учат, че ний сме само македонци, а не македонски българи. Лично аз съм българин от преди да е имало българска екзархия и българска държава.

Мен ме е учил, че съм българин моят баща, мен ме е учил, че съм българин, тоя велик българин, който се зовеше Григор Пърличев. Тоя Пърличев, който увенчан с лавров венец като най-голем поет на Гърция заявил при най-тържествена обстановка в Атина: “Аз съм българин”. Млад човек, увещаван, съблазняван, с всекакви земни блага, даже и заплашван, той останал на своето: “Аз съм българин”.

И тръгнал по трънливия път на мъки, неволи, нищета, но със своето гордо име: “Аз съм българин”…

Никога официална България не е имала правилни възгледи по Македонския въпрос. Люшкали са се от един полюс на други – ту крайна македонофобия, ту голем национализъм. В Министерските съвети в София едни от министрите държат се като големи националисти, а други македонофоби. Оттам и големо раздвоение и в самото население в България“. Анастас Лозанчев (“Политическо завещание (26.07.1945)”, публикувано в “Хр. Тзавелла – Спомени на Анастас Лозанчев; член на главния щаб на Илинденското въстание”, София, 2007 година)

Понатаму во својата колумна авторот Гавриловски вели дека „Од 1892 година, па до денес Македонците успеаа да ги зацврстат сите атрибути на една нација и држава, јасно диференцирајќи се од своите соседи Грците, Србите и Бугарите“.

Се поставува прашањето дали во списокот со тие Македонци од спомнатиот период можеме да ги најдеме имињата на основачите на ВМОРО/ВМРО, на Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Борис Сарафов, Борис Дрангов, Тодор Александров, Петар Чаулев, генерал Александар Протогеров, Иван Михајлов и уште стотици други припадници на сите крила на Организацијата, кои „успеале да зацврстат атрибути на една нација и држава, јасно диференцирана од Грци, Срби и Бугари“? Каде наведените изјавиле дека се нешто различно од Бугарите? Да, факт е дека и Александров и Михајлов зборуваат и работат за Независна Македонија, но тие никаде не изјавиле дека во таа независна Македонија, словенското население е различно по својот етнички карактер од словенското население во Бугарија.

Дегутантно е да се коментира напишаното од адвокатот Гавриловски дека Мицкоски и неговите најблиски соработници се наследници на врховистите, централистите и автономистите. Мицкоски и неговите соработници се толку далеку од наведените, што дури е навредливо да се помисли за некаква врска меѓу нив, пред се идеолошка се разбира.

Во однос на тоа дали бугарските власти го прифаќаат фактот дека денеска постојат Македонци, кои својот јазик го нарекуваат македонски исто така нема потреба од коментар. Не постои изјава на релевантен бугарски политичар или државник, во која да е негирано правото на современите Македонци да се идентификуваат како такви. Дури „најконтроверзните политичари“ од истокот, како Красимир Каракачанов, Андреј Ковачев, Румен Радев, не си дозволиле таков луксуз. Тие зборувале и зборуваат против македонизмот, како антибугарска идеологија остаток од едно друго време, но никогаш не изјавиле нешто против правото на граѓаните на РС Македонија да се чувствуваат како Македонци, различни од Бугарите.

Доаѓаме до моментот во колумната, во која авторот дели совети како Република Северна Македонија да најде сојузници во „нерамната битка со искомплексираната (од времето на СССР) Бугарија“. Тајната била во мобилизирањето на сите можни лични и други контакти. Таков личен однос имал премиерот, ќе напише авторот со неговиот унгарски колега Орбан. Неговата земја претседавала со ЕУ, па сега било времето Бугарите да бидат внесени во Уставот, но тоа внесување да се применува по влезот на РС Македонија во ЕУ. Така топката ќе била префрлена во полето на ЕУ, па тогаш ќе сме виделе како таа ќе се однесува кон Македонија. Се разбира за сето тоа да се случи, Скопје треба да се помири со Атина, оти земјата ниту можела да го ревидира Преспанскиот договор, ниту имала капацитет да води војна на два фронта. Со други зборови и Северна ќе прифатиме, ама на Бугарите нема да им попуштиме. Нели Договорот со нив, не е ист како оној со Грците, нели договорот со нив можеме да не го спроведуваме… Нели има и преговарачка рамка, ама и неа ќе ја решиме со лични и други контакти! Само со Грците да се смириме, оти инаку нема да може „да ни пројде“ финтата со Бугарите во Устав, ама со одложено дејство.

Овде авторот, како да се вратил со некаква фантастична машина на времето и наместо во „Слободен печат“ сеедно пишува во „Нова Македонија“, а годината не е 2024, туку 1948. Потепаната Бугарија се наоѓа под руска чизма, а Југославија иако раскрстила официјално со СССР, ужива во фактот што СССР ја држи на краток ланец Софија и од таму не се слуша ни глас за македонските Бугари.

Тоа време за среќа е одамна позади нас. Денеска во земја сојузничка на Бугарија во НАТО се коваат заговори, како Бугарија да биде „прејдена“, како да биде понижена, демек за заедничкото добро и да немало веќе причини за кавга. Убави се тие планови, прекрасни се тие домашни сметки, ама го нема веќе „друже Тито да нас чува“, а и Бугарија одамна не е советски сателит, кој слепо ги следи наредбите од Москва по македонското прашање. Во Бугарија има евро-атлантици, русофили, рамноземјаши, лажни либерали, лажни конзерватори, комунисти, монархисти и секакви други исти, но сите тие, со чест на одредени исклучоци се Бугари и немаат потреба тоа некој да им го признае и потврди. Солиден дел од нив имаат предци што биле родени или загинале во Македонија и многу добро ја знаат тежината на таа семејна меморија.

Токму затоа г-нот Гавриловски би требало кога веќе започнал да цитира бугарски поети, да го остави Јаворов настрана. Неговите зборови напишани со трагиката на една жедна по својата Голгота душа, не заслужуваат да се најдат во текст во којшто неговата родина Бугарија се третира како „искомплексирана“ од времето под СССР држава.

Бидејќи со невооружено око се гледа дека авторот си замислува како со лесна рака и со неколку поголеми другарчиња Бугарија и Бугарите можат да бидат замолчени исто како во комунизмот, би сакале да му препорачаме во следната своја колумна, ако веќе толку сака да цитира бугарски поети, да ги цитира Никола Вапцаров или Љубомир Левчев. Првиот после неговата смрт бил препеан на неговиот „матичен“ јазик, а вториот бил лауреат на Струшките вечери на поезијата. И двајцата биле комунисти. Јаворов не бил, а и во неговото време Македонците не ковале планови, како да се смират со Грција, за да ја зафркнат Бугарија. Во неговото време Бугарите без разлика на географскиот регион на кој припаѓале „со враг врагувале- мера според мера, со благ благувале вера зарад вера“.

Слични Објави