| |

Меркел и Шулц се договорија, Германија ќе има влада

Унијата (ХДЗ / ХС) и Германската социјалдемократска партија постигнаа договор за коалиција, јави каналот ARD, повикувајќи се на извори од работните групи од трите партии.
Преговарачите се согласија да формираат нова голема коалиција по утринските консултации.
Првичниот договор за коалиција меѓу трите партии беше постигнат на 12 јануари, по рекорден круг преговори кој траеше повеќе од 24 часа. На 21 јануари социјал-демократите гласаа на вонреден конгрес во Бон да почнат официјални разговори со Унијата (ХДЗ / ХС) за формирање нова голема коалиција во Берлин. Сепак, одлуката беше донесена со кревко мнозинство.
Преговорите за формирање на новата германска влада започнаа на 28 јануари, четири месеци по сојузните парламентарни избори.  Повеќе од 120 дена во Берлин не можеше да се формира нова влада, ситуација, која се случува за прв пат во повоената историја на Германија. Се очекува новата Влада да биде формирана до Велигден.

Слични Објави