|

Мицевски до Џафери: Не сме кај тебе дома претседателе

Се скараа претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Расправијата изби на денешната седница во Собранието.

Мицевски истакна дека кога ќе побара процедурално обраќање кон пратениците, Џафери е должен да му го дозволи тоа.

„ Оди си на место. Јас не сум нервозен, оди си на место, кога ќе ти дојде време ќе се обратиш“, му рече Џафери, а Мицевски му врати:

„ Не сме кај тебе дома претседателе Џафери. Кога координатор на пратеничка група ќе побара процедурално обраќање, претседателот на Собранието е должен да го дозволи тоа. Сигурно сега нема да се расправаме за оваа работа тука“, истакна Мицевски.

Слични Објави