МИЦКОСКИ: 5 И 8 ЈУЛИ НЕ СЕ ОПЦИЈА ЗА ИЗБОРИ, БАРАМЕ ПРОТОКОЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ И НАБЉУДУВАЧКА МИСИЈА НА ОБСЕ И ОДИХР

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го објави партискиот став за изборите. Мицкоски од побара Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба а притоа да се исполнат два услови:

Прво, да се создадат соодветни протоколи за безбедни избори и граѓани кои ќе гласаат и второ, да има соодветна меѓународна набљудувачка мисија.

„Да изработиме протоколи за да го заштитиме здравјето на граѓаните и да имаме фер демократски и инклузивни избори во Македонија. Првиот ден кога мисијата од ОБСЕ и ОДИХР ќе дојдат во набљудувачка мисија, тогаш да почне кампањата, а после да го утврдиме датумот за избори, а тоа да биде средината на јули. Средината на јули е добра основа за избори, да ве поразиме, а потоа следи одговорност“, рече Мицкоски.