МИЦКОСКИ : АКО ВОДАМ СЛЕДЕТЕ МЕ, АКО СЕ ДВОУМАМ ПОТУРНЕТЕ МЕ, АКО ВЕ ПРЕДАДАМ УБИЈТЕ МЕ
Денес во Кичево , ВМРО ДПМНЕ оддржа нов протестен марш против Владата на Република Македонија и против Преспанскиот договор, каде што свој говор имаше лидерот на опозициската најголема партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој најави дека народот треба да се стрпи бидејќи наскоро ќе заврши теророт на СДСМ, и немало да има повеќе едно евро за Вицето.
Во својот говор тој на членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ им упати порака да го следат кога ги води, да го потурнат кога се двоуми и да биде убиен доколку ги предаде. Оваа негова изјава беше прифатена со еуфорија од насобраната топла народ во Кичево.


