|

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија, Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека до 14 часот се собрани над 22.000 потписи за пратеничката и професорка, Гордана Силјановска Давкова, за нејзината кандидатура на претседателските избори.

„Мислам дека е историски самиот ден. Од оној пресек кој што го добивме некаде околу 12 часот, можеме да заклучиме дека до тогаш се собрани во насока на поддршка за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова повеќе од 15.000 потписи. Додека пак би рекол условно кажано за противкандидатот некаде околу 7500 потписи се собрани. Очекуваме до крајот на денот да се соберат навистина огромна бројка на потписи до сега не забележана во македонската историја за само еден ден во знак на поддршка на еден од кандидатите во случајот идниот претседател на Македонија, тоа е Гордана Силјаноска Давкова“, рече Мицкоски.

Тој им се заблагодари на сите кои излегоа да се потпишат.

Слични Објави