МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ОСТАВИ ГРУЕВСКИ БЕЗ ТИТУЛАТА ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ
Позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината, најави претседателот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24. Тоа ќе се направи со донесувањето на новиот партиски Статут.
-Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, вели Мицкоски.