|

Мицкоски најавува уривање на Владата преку пратеници на ДУИ и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори, кои според нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, би се одржале на 14 или 21 мај следнава година. Според него, на државниот систем му треба „ресетирање“. Во тој случај во втората половина на јануари би почнала 100-дневната техничка влада. Мицкоски најави можност да се гласа за доверба, односно за уривање на Владата со помош на дел од пратениците на ДУИ и СДСМ.

Од друга страна, премиерот Димитар Ковачевски во новогодишното интервју за јавниот сервис истакна дека 2023 година нема да биде изборна година бидејќи власта била многу зафатена со решавање на економската криза и со скриниг-процесот со ЕУ.

Првиот човек на Движењето Беса, Биљал Касами, вели дека опозицијата сака избори за да може потоа да преземе одговорност за решавање на економската криза и за уставните измени.

„Тоа се работи од политичка динамика и затоа мојот предлог е доколку сакаме да разговараме за овие прашања, местото е на средба на лидерите на парламентарните политички партии, каде нивните претставници ќе имаат можност да разговараат за нивните приоритети и на крај, да дојдеме до заеднички договор каде секако ќе треба да се направи компромис и да се постигне мнозинство за уставните измени, но и да се оди на предвремени избори“, рече Касами.

Лидерот на опозицијата не ја поддржува идејата за одржување парламентарни избори заедно со претседателските во 2024 година. Според него, ова е сценарио на ДУИ преку кое партијата на Ахмети би довела да ситуација да не се исполни изборниот праг од 40 отсто, по што спикерот Талат Џафери да ја преземе и функцијата претседател на државата. Во исто време пак, ДУИ би имала и премиеротс, според договорот со СДСМ за време на 100-дневната предизборна „Пржинска Влада“.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави