МИЦКОСКИ НЕ ГЛЕДА ПРИЧИНА ЗА НАТАМОШНО УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од неговата партија, поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието.
„Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ – изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со оглед дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.