МИЦКОСКИ : НИЕ СМЕ ВМРО !
Ние сме ВМРО, а ВМРО е кауза, непокор и пред се емоција, но најважното чувар, чувар на МАКЕДОНИЈА, нејзин сопатник низ времето.
Овие месеци се пишува историја, а јас заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и со срце не сум на страната на оние кои работат на обезличување на својата држава, својот народ, затоа што јас не би можел да се погледнам во огледалото ако прифатам нешто во што не верувам, нешто што не го чувствувам и спознавам за исправно.
Јас ја сакам Македонија онаква каква што ја наследивме од нашите предци и сакам да ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат, подобра, исправена и горда. И Гоце можел да остане само учител, исто како и Дамјан Груев во неговото Смилево, Никола Карев можел да го продолжи занаетот на својот татко, исто како и Христо Узунов кој можел да има мирен живот, но тие одлучиле да се спротивстават. Затоа што срцето им велело дека на неправдите треба да се одговори, и бробата за човечки права е нешто што природно ни припаѓа и што треба да се издвојува. И денес еве повеќе од сто години потоа ги паметиме и славиме нашите херои не затоа што се откажале, не затоа што тогаш победиле, туку затоа што се бореле, а нивната идеја ја превземале генерациите потоа и денес ја живееме слободата во чие издвојување нивните имиња најгласно се слушаат, исто како и стотиците други кои се вградиле во темелите на самостојна независна Република Македонија.
И затоа денес ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, таа му припаѓа на народот, народот и ВМРО остануваат своите најверни сопатници низ сите бури и невремиња, напиша Мицкоски на својата фб страница.
