МИЦКОСКИ ОД БИТОЛА: СЕ СООЧИВМЕ СО НАЈГОЛЕМОТО ПРЕДАВСТВО КОН МАКЕДОНИЈА
Се соочуваме со најголемото предателство и капитулација, а тоа е договорот со Грција за промена на името на Република Македонија. Македонија е нашето име. Нашето име е големо, бидејќи сме горди Македонци. Македонија е нашата љубов, нашиот завет, нашата татковина, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, во своето обраќање кон учесниците во протестот во Битола.
